ДЕНЕС Е СВЕТИ ГРИГОРИЈ БОГОСЛОВ: Заштитник на учениците, мудрите и учените луѓе – еве каков е ОБИЧАЈОТ на овој ден

Нашата православна црква и нејзините верници денес го слават празникот посветен на Свети Григориј Богослов, Цариградскиот архиепископ од 4 век и еден од најучените христијански светители.

Свети Григориј Богослов се сметал за учен и мудар човек уште пред да се крсти и да го посвети својот живот на црквата. Студирал во Атина заедно со Василиј Велики и Јулијан Отпадник.

Свети Григориј се смета за еден од најучените христијански светители. Составил многубројни дела, од кои најпознати се оние од Богословијата (затоа и го нарекуваат Богослов).

За време на својата архиепископија во Цариград, тој многу пишувал против еретиците, а бил прославен со делото на Беседата за Света Троица.

По откажувањето од функцијата архиепископ свети Григориј, го напуштил Цариград и остатокот од својот живот го поминал во повлекување, молејќи се и пишувајќи книги кои и денес се изучуваат.

Иако цел живот бил во лоша здравствена состојба, доживеал длабока старост и починал на 80-годишна возраст. Неговите мошти се пренесени во Рим, а главата е во Успение катедрала во Москва.

Свети Григориј Богослов бил и останал голем и почитуван светец на православната црква и автор на една од литургиите.

Заштитник на мудрите и учените луѓе
Како еден од најучените христијански светители во некои делови кај нас, свети Григориј Богослов денес се смета за заштитник на мудрите и учените луѓе.

Постарите велат дека учениците кои имаат проблем со совладување на некој материјал на овој ден треба внимателно да ги читаат лекциите кои ги мачат и потоа да му се помолат на свети Григориј.

Се верува дека на овој начин научениот материјал ќе остане засекогаш запаметен, па затоа нема да се пропушти добра оценка.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...