По секоја бура доаѓа Сонцето, посветло од било кога. Иако овие 3 хороскопски знаци ќе имаат пречки за време на владеењето на Девицата, од ова можат многу да научат!




Вчера, 22 август, Сонцето влезе во знакот Девица и носи одредени квалитети кои ќе влијаат на вашата личност, однесување и постапки.
Ова е земјен знак кој може да ви донесе стабилност, планирање, аналитички ум, но може да ве направи и перфекционисти, некој што се критикува себеси и премногу се турка.




Иако има придобивки, со некои хороскопски знаци Сонцето во Девица може да донесе немир, несигурност, предизвици – еве за кого станува збор:
Близнаци – Во текот на летото бевте љубопитна и енергична пеперутка, но сега сета енергија ви се гаси, влегувате во фаза на кожурец.




Можно е да се повлечете во себе, да поминете повеќе време дома. Иако ќе мислите дека ова е фаза на монотонија и дека поминала летната радост на одмор, уживање и забава – ќе ви се допадне заземјувањето.
Вашата владејачка планета Меркур ќе се движи ретроградно од 9 септември до 1 октомври 2022 година, таа ќе престојува во вашето поле на креативност, па можете да очекувате недостаток на самодоверба или креативен блок за време на овој транзит.




Водолија – Магична Водолија, овој период ќе ви биде предизвик кога се во прашање романтичните врски. Можно е некои летни љубовници да сакаат да ја продлабочат врската, но вие чувствувате дека сте подготвени, сакате да останете независни и слободни.
Од друга страна, не сакате да ја изгубите саканата личност. Ќе имате дилеми кои ќе ве измачуваат, а поради ретроградниот Меркур внимавајте на комуникацијата, бидејќи многу зборови можат погрешно да се протолкуваат.




Застанете, одморете, размислете и бидете ИСКРЕНИ! Само преку искрена приказна за чувствата може да ви се отворат некои нови видици.
Јарец – Сонцето што минува низ вашата деветта куќа на високото образование ќе го активира кај вас филозофскиот копнеж за знаење. Посетете курс, работилница или потопете се во книги или подкасти кои можат да ви дадат корисни информации.




Пресвртот се случува кога Меркур ќе се движи ретроградно во вашата 10-та куќа на кариерата (9-23 септември) со можни погрешни комуникации, несреќи или пречки.
Најдобро е да излезете од ретроградната состојба така што ќе продолжите да се потпирате на студиите, книгите и учењето наместо да се збуните целосно. Верувајте во вашето знаење, само така ќе се ослободите од блокадите кога е во прашање вашата кариера.






