Православните верници денеска го слават Преподобен Авксентиј. Авксентиј бил христијански светител кој живеел во 5 век, најпрвин во Цариград, а потоа на планина кај Халкидон.




Легендата вели дека преподобниот Авксентиј бил многу богат господар во Константинопол. Меѓутоа, во еден момент решил да го отфрли сето тоа, се замонашил и целосно се повлекол од јавниот живот.
Со текот на времето, за него почнало да се зборува како за голем чудотворец и мудрец. Луѓето доаѓале кај него за исцелување. Сè што правел, правел во името Христово и особено внимавал да не му припишува чуда нему туку на Бога.




Преданието вели дека тој излекувал многумина токму така што ја зајакнал во нив христијанската љубов, а потоа им рекол дека Бог ќе им даде вера и правда со зборовите: „Ве исцелува Господ Исус Христос!”
Преподобен Авксентиј се упокоил во 470 година. Нашата православна црква го слави на 14 февруари според црковниот календар, а на 27 февруари според грегоријанскиот календар.




Во некои делови кај нас се смета дека на овој празник денот треба да се помине дома и меѓу најблиските. Единственото место што секој верник треба да го посети е црквата каде што во спомен на преподобен Авксентиј треба да запали свеќа и да ја изговори оваа молитва:
„Како пустински жител и ангел и чудотворец во телото, нашиот богоносен татко Авксентиј се покажа. Со пост, бденија и молитви примивте небесни дарови, исцелувајќи ги болестите на оние кои со вера доаѓаат кај вас.




Слава на Оној што ти даде сила, Кој те прослави и Кој преку тебе дава исцеление на сите“. Се верува дека секоја желба што ќе ја посакате во тој момент ќе ви се исполни.


