За подготовка на овој домашен сок со праски ќе ви биде потребно:




- 5 кг излупени праски
- 1,5 кг шеќер
- 4 лимонтуси
- 12 литри вода
Подготовка:
Излупете ги ги праските и одвојте ги од семките. Изблендирајте ги во блендер со додаток на вода која ќе ја земате од 12 л колку што e вкупно потребно.




Во поголемо тенџере истурете ги блендираните праски, додадете лимонтус, шеќер и вода за вкупно 12 л. Ставете го да зоврие и варете 15 минути од времето кога ќе зоврие.
Сварениот сок веднаш истурете го во загреани шишиња, кои веднаш се затвораат и се завиткуваат во крпа каде што треба да останат додека не се изладат.




Вака приготвениот сок може да се чува во текот на целата зима. Послужување:
Добро изладете го сокот пред да го послужите.


