Совет од ендокринолог – јадете ги овие 3 намирници за побрз метаболизам!




Метаболизмот е исклучително важен за функционирањето на сите органи, како и за различни процеси во телото. Благодарение на неговото дејство, клетките во телото се обновуваат, се формираат ензими и се поддржуваат респираторните функции.
Исто така, луѓето со бавен метаболизам често имаат проблем со дебелината и тешко ослабуваат. Кога метаболизмот не функционира на соодветно ниво, освен разговор со ендокринолог, важно е да се внимава и на исхраната.




Постојат одредени намирници кои можат да го забрзаат метаболизмот, а американскиот лекар Еди Хорстман го истакнува следните:
1. Кајсии – содржат магнезиум, железо, калиум и растителни влакна, кои позитивно влијаат на организмот. Без разлика дали ги јадете суви или свежи, тие се одличен извор на влакна.




Влакната ги разградуваат масните киселини и на тој начин се грижат за здравјето на дигестивниот систем. Исто така, влакната од кајсија го стимулираат метаболизмот преку дигестивниот систем, па затоа се одличен избор за ужина за оние кои се на диета. Во исто време, ефектот може да се види од употребата на свежи и суви кајсии.
2. Авокадо – совршен извор на здрави масти и магнезиум. Исклучително е богато со влакна, помага при слабеење и го намалува нивото на шеќер во крвта. Го забрзува метаболизмот и го регулира апетитот.




3. Боровинки – Содржат витамини К1 и Ц, манган, витамин Б6, Е и бакар. Боровинките имаат низок гликемиски индекс и го контролираат нивото на шеќер во крвта, богати се со диетални влакна и позитивно влијаат на метаболизмот.
Лекарот забележува и дека урамнотежената исхрана кај здравите луѓе го доведува метаболизмот до совршена брзина и помага телото да биде во добра форма, без многу труд и жртви.




Покрај наведените намирници, на листата на намирници кои го поттикнуваат метаболизмот ги додава и чили пиперките и спанаќот.


