Есенски напиток за слабеење – го намалува апетитот, го зајакнува имунитетот, го подобрува варењето!




Тиква, магична есенска храна која содржи витамини Б, Ц, Е и А, протеини, пектин, минерали калиум, калциум, железо и цинк, како и значителен дел од влакна кои се важни за здраво варење и слабеење.
Ви пренесуваме рецепт за есенски шејк, напиток за слабеење кој освен тиква содржи и други квалитетни и здрави состојки од кои се издвојуваат спанаќот и циметот.




Спанаќот го намалува крвниот притисок, го зајакнува имунитетот, а истражувањата покажуваат дека е корисен за контролирање на апетитот и регулирање на желбата за нездрава храна.
Циметот помага во намалувањето на лошиот холестерол и мастите во крвта, а одличен е и за забрзување на метаболизмот и процесот на слабеење. Од горенаведените состојки и уште неколку намирници можете да направите одличен есенски шејк за слабеење.




Конзумирајте го еднаш дневно за ужина наместо слатки и нездрави грицки. Ќе ви даде одлична енергија, ќе го стимулира варењето и ќе го зајакне имунитетот – вашето тело ќе ви биде благодарно!
Состојки:
- 1 замрзната зрела банана
- 1/2 чаша пире од тиква
- 1 шака органски спанаќ
- 3/4 шолја кокосово или бадемово млеко
- 1/2 лажичка цимет
- 1 лажичка мед




Подготовка:
Најпрво направете пире од тиква така што ќе сварите една до две кришки од тиква, а потоа испасирајте ја до смеса од пире. Потоа додадете ги сите останати состојки во блендерот и измешајте.
Можете да додадете и малку вода доколку сакате да ја намалите густината.Пијте еднаш дневно и уживајте во совршениот есенски шејк.






