Супата од коприва и компир ќе ви се допадне уште на првиот залак.




Копривата е лековито растение кое расте речиси насекаде. Како што започнува нејзината сезона, искористете ја максимално и направете вкусни оброци.
Ви предлагаме супа од коприва која не само што е здрава, туку и одличен предлог доколку постите. За да се зачуваат што повеќе хранливи материи, не треба долго да се готви, само малку ја продинстајте.




Копривата ја подобрува работата на дигестивниот систем, го детоксицира организмот, добра е за чистење на крвта и бубрезите, позитивно влијае на панкреасот и помага во намалување на шеќерот во крвта…
Ова се само дел од придобивките. Доколку сакате да пробате други рецепти со ова растение, ви предлагаме да направите пита со коприва.




Состојки:
- 300 гр коприва
- 5 компири
Подготовка:




Сварете ги компирите и додајте ги копривите кои сте ги продинстале пред крајот. Оставете уште неколку минути, а потоа со рачен миксер или со блендер соединете се. Зачинете и украсете по желба.


