Речиси секој во машината за перење алишта става детергент за перење и повеќе од потребното.




Ако вашите алишта останале груби и не меки по перењето, веројатно сте ставиле премногу детергент за перење.
Иако детергентот ја чисти нечистотијата и дамките, може да ја оштети вашата гардероба и да ја направи груба и крута.
Исто така, премногу детергент за перење ќе создаде многу пена во машината, поради што парчињата алишта ќе се „залепат“ едно до друго, па нема добро да се исплават на крајот на перењето.




Која е вистинската мерка за прашокот?
Иако количината на детергент препорачана на декларацијата може да варира од производител до производител, треба да се има предвид дека овие упатства се напишани од производители кои имаат за цел да го продаваат производот.
Една кафена лажичка алишта ќе биде доволна за машина од 8 килограми, доколку машината не е полна со алишта, пишува „Wirecutter“. Ако ги перете алиштата рачно, ќе ви треба уште помалку детергент.






