На Божиќ да му подариме на непријателот прошка и срце на пријателот. Милост за сите!




Денеска е најсреќниот христијански празник – Божиќ – ден кога треба да простите, да се помирите и да го поминете во љубов и хармонија, така што целата година ќе ви биде полна со бериќет.
Еве десет од најубавите цитати за Божиќ, кои можете да ги искористите како честитка до вашите најблиски.
– Сакајте го донаторот повеќе од подарокот. – Бригам Јанг




– Подарената љубов и време се основните состојки на вистински среќен Божиќ. – Пег Брекен
– За Божиќ сите патишта водат дома. – Марџори Холмс
– Секој подарок, колку и да е мал, всушност е голем ако се даде со љубов. – Пиндар
– Кој не го носи Божиќ во своето срце, никогаш нема да го најде под елката. – Рој Смит




– Љубовта е она што се слуша во собата кога ќе престанете да ги отворате подароците во Божиќната ноќ и само слушате – изјави еднаш момчето по име Боби.
– Божиќ го мавта своето волшебно стапче низ светот и сè станува помеко и поубаво во исто време. – Норман Винсент Пил
– Не дозволувај минатото да ти ја украде сегашноста. Ова е пораката на Божиќ: никогаш не сме сами. – Тејлор Колдвел




– Предлози за Божиќни подароци: на непријателот, прошка. На противникот, толеранција. На пријателот, срце. На клиентите, услуга. До сите, милост. За секое дете, добар пример. За себе, самопочит. – Орен Арнолд
-Блажени се деновите кога целиот свет ќе се вклучи во заговорот на љубовта. – Хамилтон Рајт Меби






