Признавам дека чистењето на бањата е една од моите најздодевни домашни работи, а исто така е најспора и ми одзема многу време.




Ми се стемнува кога ќе се сетам дека треба да ги облечам ракавиците и да поминувам часови во бањата, да тријам плочки, да чистам тоалетна чинија, да полирам мијалници и тушеви, и што уште не. А со фугите дури и не ми се започнува …
Но, има светлина во тунелот – како и за се, има паметни трикови и за чистење на вашата бања. Тие се собрани благодарение на мудрите совети на мајки, баби, сестри и случајни познаници, и ќе им бидам должна доживотно за помошта!




Триковите за чистење на бањата, ви ги откривам во продолжение.
1. Направете план и следете го – Прво треба да ја избришете прашината и да го исчистите подот со правосмукалка за да ја соберете големата нечистотија.




Потоа ставете ги сите детергенти, кои мора да стојат некое време за да дејствуваат и на крајот поминете ги површините со вода.
2. Исчистете ги фугите со сода – најлесно и најбрзо да ги исчистите фугите е да ги истриете со малку влажен сунѓер натопен во сода бикарбона.




3. Натопете ја чешмата и тушот во оцет – Светнете ја славината за бања така што ќе натопите хартија од кујнска ролна во оцет и ќе ја завиткате околу 15-20 минути. После тоа, површината ќе биде сјајна и без дамки.
4. Исчистете ги огледалата со мека крпа и црн чај – натопете мека крпа што не испушта влакна во сварениот чај, исчистете го стаклото со помош на кружни движења и потоа исушете го со кујнска хартија. Киселината во чајот лесно ги отстранува сите дамки на површината на огледалото.




5. Исчистете ја тоалетната школка со сода бикарбона и оцет – измешајте 1/4 сода бикарбона и 1/4 бел оцет, истурете ја смесата во тоалетната школка, оставете ја 15 минути, потоа добро избришете со тоалетна четка и измијте со вода.


