Со овие трикови вашите мушкатли ќе цветаат многу подобро




Повеќето луѓе избираат мушкатли за декорација на тераси и балкони. Раскошните бои на мушкатлите секако ќе го разубават просторот во вашиот дом, а освен тоа, тие се многу благодарно и отпорно растение.
Го сакат сонцето, а најдобри услови за раст и цветање се температурите од 10 до 30 степени. Ова растение бара умерено наводнување бидејќи премногу вода може да предизвика гниење на коренот.




Затоа е најдобриот избор за уредување на вашата тераса или двор во лето. Тие треба да се напојат со течни ѓубрива што содржат фосфор, азот, калиум и магнезиум.
Меѓутоа, за оваа намена може да се користат и поевтини замени. Една од нив е очигледно јод, кој вообичаено се користи за дезинфекција на рани. Ако одлучите да додадете јод, треба да додадете само една капка во литар вода.




Добро измешајте го растворот и потоа истурете го преку работ на саксијата, никогаш преку листот. Повторете го овој третман еднаш на две недели и веднаш ќе забележите дека мушкатлите се побујни.
Друг трик од кујната е кората од банана. Ставете ја во литар вода да отстои преку ноќ и потоа наводнете ги цветовите со таа вода. Како што витаминот Б е добар за растот и развојот на нашиот организам, така ќе биде добар и за вашите цвеќиња.




Покрај овие видови хранење, потребна е и внимателна грижа. Редовно отстранувајте ги обраснатите гранки од мушкатлите, на овој начин новите ќе растат побрзо.


