Ароматични шери домати од кои ќе се засладувате цела зима…




Во овој период од годината има многу шери домати. Користете ги правилно. Шери доматите подготвени на овој начин се одличен додаток на салатите.
Потребни состојки:




- 1,5 кг шери домати
- малку свеж рузмарин
- 4 чешниња лук
- босилек
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
- зрна бибер
- мешавина од суви зачини по вкус




Состојки за преливот:
- 400 мл вода
- 100 мл алкохолен оцет
Начин на подготовка:
Во тенџере ставете вода и оцет и додадете зачини. Оставете ја водата да зоврие. Во тегли наредете ги доматите, лукот и рузмаринот. Потоа истурете го сварениот прелив. Пастеризирајте ги теглите.




На овој рецепт се прави пастеризација: Ставете ги теглите во рерна 90 минути на 90 степени. После тоа, исклучете ја рерната и оставете ја преку ноќ.
Подолу во видеото детално е прикажана подготовката на шери доматите. Пријатно!






