Ова е приказна за верата и безграничната моќ на молитвата.




Д-р Марк бил познат онколог. Еден ден отишол на важна конференција, каде што требало да му биде доделена награда од областа на медицината.
Меѓутоа, еден час по полетувањето, имало итно слетување на блискиот аеродром. Докторот изнајмил автомобил и со автомобил тргнал на конференцијата.




Но, невремето поради кое авионот принудно слета, стана уште полоша. Поради силниот дожд интернетот исчезнал, па докторот не можел да ја користи навигацијата, не можел ниту да повика помош, бидејќи исчезнал и мобилниот сигнал.
Тргнал по погрешен пат и се изгубил. Возел со часови бесцелно, обидувајќи се да се ориентира – но безуспешно.




Чувствувајќи се гладен и ужасно уморен, решил да бара место за одмор. Конечно ја видол малата куќарка, па очајно излегол од автомобилот и затропал на вратата.
Му отворила жена, која го пуштила во куќата откако и објаснил дека му треба телефон за да повика помош. Жената му рекла дека телефонските линии не работат, но дека може да почека да стивне невремето и да продолжи со патувањето.




Гладен, мокор и уморен докторот ја прифатил понудата и влегол. Жената му донела топол чај и кифлички, а потоа го оставила за да може да се помоли во друг агол од собата.
Таа го прашала дали би сакал да се моли со неа, но тој и се извинил, велејќи дека верува само во напорна работа.




Седејќи на масата и пиејќи чај, докторот ја гледал жената како се моли покрај креветчето на слабата светлина од другата соба. Тој сфатил дека и треба помош.
Кога завршила со молитвата, тој ја прашал: „Што точно сакате од Бога? Дали мислите дека Бог ги слуша вашите молитви?
Жената тажно се насмевнала и рекла: „Немам друг избор.




Бебето во креветчето е мојот син кој боледува од многу редок вид на рак и само еден лекар по име Марк може да го оперира, но јас немам пари потребни за таа операција.
Затоа се молам, само тоа ми остана… Господ е голем, ќе најде начини да ми помогне, да му помогне на мојот син…“
Збунетиот лекар не можел да поверува во тоа што го слушнал. Во главата му одекна реченицата „Господ е голем“ …




Се сеќаваше на сè што му се случи тој ден: принудното слетување, невремето што го натера да залута, и тоа никој не можеше да го исценира и да го направи освен Бог.
Не само што одговори на нејзината молитва, туку и му даде можност да направи добро дело, да си ја нахрани душата, да им помогне на луѓето кои немаат ништо друго освен молитва…






