Со овој едноставен трик, вашата решетка ќе блесне без премногу триење и труд.




Чистењето на изгорена нечистотија е дефинитивно најомразената домашна работа за повеќето, особено кога станува збор за рерната и решетките во неа. Ретко која домаќинка после секое готвење ги мие решетките и рерната, па кога ќе се реши на овој чекор тешко ги отстранува согорените масти.
Сепак, постои решение за тврдоглавите маснотии, а се што ви треба е нешто што повеќето луѓе веќе го имаат во своето домаќинство.




Истурете топла вода во подлабок сад или када, а потоа ставете две таблети за машина за миење садови во неа. Мешајте додека не се стопат таблетите, а потоа натопете ги решетките и оставете да отстојат најмалку два часа.
На овој начин, нечистотијата треба само да падне од решетката, но ако после тоа останала уште малку нечистотија, можете да ја отстраните со нежно триење со сунѓерче. После тоа, едноставно исплакнете го со топла вода и оставете го да се исуши.






