Совршено кремаста палента ќе направите ако додадете млеко во водата.




Палента е традиционално италијанско јадење кое се јаде во сите делови на светот. Содржи влакна и протеини кои ни даваат чувство на ситост и е одлична идеја кога ви треба брз појадок.
Ако додадете малку сирење, тиквички или пиперки, ќе има уште подобар вкус.
Палентата се препорачува и во детската исхрана, а доколку сакате да ја послужите како прилог со риба или месо, тогаш пржете ја.




Исто така, кога е во тек постењето, можете да направите палента со туна. Трикот за совршена палета е покрај вода да се додава и млеко. Соодносот треба да биде следниов: 2/3 вода и 1/3 млеко и палента по желба.
Варете на тивок оган додека не ја добиете саканата густина. Наместо млеко, можете да додадете и крем за готвење бидејќи е одлична замена, што ќе го направи јадењето совршено.






