КАКО ЧИТАЊЕТО ЛОШИ ВЕСТИ ВЛИЈАЕ НА ПСИХАТА: Внимавајте каква енергија впивате наутро и пред спиење, влијае на здравјето!

Како читањето лоши вести влијае на менталното здравје – постојаната апсорпција на такви информации има негативно влијание врз психата и енергијата!

Одлично и неопходно е да се биде информиран, но не сме свесни дека читањето негативни и лоши вести има силно влијание врз нашето ментално здравје.

Додека гледате во социјалните мрежи и барате вести на порталите, невозможно е да се отфрлат лошите вести, а тоа може да ви ја загрози енергијата, да ви го расипе расположението, па дури и да го оштети вашето здравје на долг рок.

Се што читате, што ве вознемирува, ве разочарува, ве нервира и носи наплив на негативност, ви пренесува негативна енергија – во вашите мисли и тело. Тоа може негативно да влијае на концентрацијата, креативноста, физичката издржливост, па дури и на имунитетот.

Ако некое лице гледа лоши вести наутро, тоа може да доведе до чувство на преоптоварување во текот на денот. Ако прочитате нешто непријатно пред спиење, се зголемува ризикот од несоница.

Луѓето кои читаат негативни вести секој ден долго време може да имаат зголемен ризик од анксиозност и депресија. Затоа, кога ќе бидете информирани, внимателно дозирајте ги ваквите вести и информации.

Ако често посетувате информативни страници кои често содржат материјали за проблеми во земјата и светот, црна хроника, тогаш подобро е да избегнувате да ги користите кога сте вознемирени, нервозни, склони кон негативно расположение.

Најдобро е да добивате информации во средината на денот кога веќе сте ги завршиле повеќето од задачите, а сепак мозокот не ви е преоптоварен како на крајот од денот и можете да ги примате сите тие информации.

Посебно внимание треба да посветите на социјалните мрежи. Следете ги оние страници и профили кои ве прават среќни, ви носат среќа и ве релаксираат.

Погрижете се додека разгледувате да наидете на нешто добро, убаво и едукативно. Искористете го Интернетот на најдобар можен начин.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...