Кога постите, не заборавајте да се молите: обратете се кон Бога со овие зборови и Tој ќе Ве чуе!

И молитвата е вежба. Ако постојано ја повторуваме молитвата, таа се претвора во чувство.

За време на постот, исклучително е важно редовно да се обраќаме кон Господа. Инаку, постот без одење во црква и вистински и искрени молитви е исто што и држење на диета.

Основното учење на старец Тадеј е дека Бог е насекаде и дека им помага на сите: „И слабите и силните, сите на кои им треба помош. Затоа треба постојано да се вежбаме себе за да ги отвориме нашите срца кон Бога“.

Отец Тадеј вели: „Молитвата е исто така вежба. Ако постојано ја повторуваме молитвата, таа се претвора во чувство. За тоа зборуваа светите отци.

Многу луѓе добиваат благодат на почетокот на својот духовен живот, но поради нашите гревови таа подоцна се повлекува и повторно се појавува.

Кога некој ќе се обрати кон Бога од срце со умна молитва, тој постепено се навикнува на тоа и стекнува радост и мир, кои не се од овој свет. И таа радост се стекнува, па повремено се губи. Но, благодатната молитва е неискажлива радост, која не може да се спореди со ништо на овој свет”.

Старецот зборувал и за ефектот на умната и срдечна молитва врз човекот: Светите отци велат дека секој треба да ја практикува Исусовата молитва: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме“.

Кога ќе почне да се формира самостојно, без ваша волја, тоа е неверојатна, божествена моќ. Чувствувате неискажлива радост. Сè ти е омилено, се е добро за тебе, се ти е свето.

Тоа е Божествената благодат што се дава, таа не зависи од нашата волја, желба; се движи самa, како мотор. Човек што ја има таа молитва, што и да види, кога и да види – се радува. Затоа Свети Серафим Саровски на посетителите им зборувал: „Радости мои!”

Тој ја гледал божествената сила во секоја душа, без разлика дали е душа на дете или на старец, и се радувал. Отец Тадеј додавал: „Сите се повикани на светост. Секоја душа се раѓа света. И големи и мали, сите треба да бидат свети.

Затоа што животот е Божествена енергија, која потекнува од Бога, Изворот на животот и од таму ја примаат сите, и ангелите и луѓето. Таа енергија е постојано со нас. А Бог е единствениот Дарувач на Животот“.

Затоа, вечерва, кога ќе тргнете на спиење, прекрстете се и обратете му се на Бога само со овие зборови: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме.

Ако ја стекнете оваа навика секој ден, ќе видите како вистински мир и радост се вовлекуваат во вашата душа.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...