Бојадисувањето велигденски јајца со чај од хибискус стана сè попопуларно – комбинирајте го со гел боја и ќе ги добиете најубавите космички јајца!




Космички јајца со посебен дезен како небо полно со ѕвезди и специфична боја која не може да се купи – тајната е во природното фарбање на јајцата со чај од хибискус.
Ова е исклучително брз и лесен начин за украсување јајца, а вие добивате необична, оригинална и интензивна боја, толку волшебна што вашата велигденска корпа и трпеза ќе блеснат.




Постојат различни начини за бојадисување на јајцата на природен начин. На пример, виолетова боја се добива со готвење виолетова зелка, добро познатиот кромид дава кафено-бордо нијанса, додека куркумата е ненадмината кога се работи за пастелно жолта боја.
Важно е да се користат белите јајца при природниот начин на бојадисување на јајцата, со цел бојата подобро да се прими.




За да бојадисате јајца со хибискус, ќе ви бидат потребни:
- 10 бели јајца
- 80 гр чај од хибискус
- 1 лажица сол
- 800 ml вода (400 ml во секој сад)
- масло
- црвена гел боја за јајца (опционално)
Начин на подготовка:




Во сад ставете ги јајцата и солта, па на класичен начин сварете ги јајцата. Поделете го хибискусот во два сада, по 40 гр, а потоа истурете по 400 мл вода и 50 мл алкохолен оцет. Се остава да отстои неколку минути, па се додаваат по 5 јајца.
Оставете ги јајцата да отстојат во боја најмалку 3 часа, полека извадете ги со лажица и наредете ги на салфетка, ќе добиете интензивна боја и дезен кој потсетува на ефектот на мермер.




Оставете ги јајцата целосно да се исушат, па ако сакате, можете дополнително да ги разубавите со додавање на гел боја. Во топла вода ставете кесичка гел боја да се загрее, а потоа истурете неколку капки на ракавицата, а потоа истријте ја бојата на јајцето.
Двете бои совршено ќе се спојат и ќе добиете прекрасен дезен кој можеме да го наречеме „космички“ јајца. Кога јајцата целосно ќе се исушат, премачкајте ги со масло да блеснат.






