МАФИНИ ОД ТИКВА, БЕЗ ШЕЌЕР И МАСТИ: Направете здраво уживање од намирница која е богата со витамини и минерали

Лекарите велат дека најдобро е да се јаде сезонска храна – сега е време за тикви, кралица на есенската трпеза. Ви пренесуваме рецепт за здрави мафини без шеќер и маснотии.

Есента е времето кое сакаме да го поминуваме сместени во куќата, пиејќи чај и читајќи ја нашата омилена книга. Кога надвор е ладно и тмурно, нема ништо поубаво од попладне поминато со саканите, со здрави слатки кои сами сте ги направиле и сте ја наполниле цела куќа со мириси.

Ви предлагаме да направите здрави мафини со тиква, кралицата на есенската трпеза. Тиквата е нискокалорична и многу здрава храна. Полна е со влакна, бета-каротин, содржи витамини Ц, Б1, Б2, Б3, Б6.

Има и фолна киселина и минерали (калиум, калциум, железо и фосфор). Доколку сте веган или постите, млекото и јогуртот можете да ги замените со производи од растителна основа.

Дополнителен плус на овој рецепт е тоа што не се додава маснотии, масло или путер, а не се додава вештачки шеќер.

Состојки:

  • 200 гр крупно изрендана тиква
  • 2 лажички мелен цимет
  • ½ лажичка мелен ѓумбир
  • 175 гр густ јогурт
  • 2 јајца
  • 125 мл млеко (може да биде и растително)
  • 1 лажица мед
  • 175 гр интегрално брашно
  • 1 ½ лажичка прашок за пециво
  • 25 гр сечкани ореви

Подготовка:

Обарете ја тиквата кратко и процедете ја. Додадете јогурт, јајца, млеко, јогурт и мед, а потоа брашно, прашок за пециво, зачини и јаткасти плодови.

Во калапот за мафини ставете хартиени корпи или секоја калап премачкајте го со масло. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути додека не поруменат.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...