Хороскоп за Меркур во директно движење – еве како комуникацијата на планетата ќе влијае на нас во наредните денови по излегувањето од ретроградната фаза!




Од недела, 2 октомври, Меркур почна да се движи напред од 24 степени Девица. Сомнежите отстапуваат место за јасност.
Хороскопот предвидува дека во следните денови ќе добиеме одговори, информации, ќе стигне порака, ќе договориме средба, ќе го направиме разговорот што ни треба.




Го поправаме скршеното, почнуваме да ги реализираме плановите, пречките и ограничувањата исчезнуваат. Воспоставуваме соработка, покануваме некого да ни се придружи во исполнувањето на нашите цели, ја запознаваме личноста што ја забележавме во текот на септември.
Кога Меркур повторно ќе влезе во Вага на 10 октомври, го завршуваме она што го започнавме околу младата Месечина во Девица на 27 август. Ова е време кога го расчистуваме патот од сенките на минатото и сега сме посмирени.




Помалку гледаме наназад и сме фокусирани на овде и сега. Во деновите околу 17-ти октомври, Меркур се враќа на позицијата од која започнал ретрограден и за многумина ова ќе биде клучен датум кога ќе завршат нешто што се протегало во поголемиот дел од септември.
Ќе почувствуваме потреба да ги зајакнеме односите со оние луѓе кои ни се важни. Поотворени сме за искрена размена и комуникација.




Ќе го завршуваме недовршеното. Ќе поправаме некои грешки од минатото. Наоѓаме практични решенија за некои ситуации кои не оптоваруваат.
Сега сме подобро организирани, полесно го спроведуваме она што сме го замислиле и имаме можност да го примениме во пракса она што го научивме од оваа ретроградна фаза.




Најважно од се, е да се тргнеме од стари и истрошени места, да ги оставиме во минатото. Новите можности се пред нас, а тие ни доаѓаат преку другите.


