Многу значи кога во куќата има молитвеник. Молитвата ја привлекува Божјата благодет.




Секој дома го чувствува тоа. Тоа го чувствуваат и оние чии срца се оладиле. Затоа треба постојано да се молиме. – отец Тадеј
Христос Боже, кому му се поклонуваме во секое време и во секој час, и кој се слави и на небото и на земјата, долготрпелив, милостив, сочувствителен, што ги сакаш праведните, а ги милуваш грешниците и за сите го повикувас спасението со ветување за идните добра.




Ти, Господи, примај ги нашите молитви во овој час и насочи ги нашите животи според Твоите заповеди, освети ги нашите души, очисти ги нашите тела, исправи ги нашите расудувања, разбистри ги нашите мисли и избави не од секаква тага, зло и болка;
загради не нас со Твоите свети ангели, за да можеме, чувани и водени од нивното мноштво, да го достигнеме единството на верата и познавањето за Твојата недостапна слава, затоа што Ти си благословен во вечни векови.




Амин.


