МОЛИТВА НА КРСТОВДЕН – ЗБОРОВИ КОИ НОСАТ РАДОСТ И ЗАШТИТА: Ден за мир, среќа и чистење на душата!

Молитвата што се кажува на Крстовден – обичај на големиот празник!

На 27 септември православните верници го слават вториот по ред Крстовден во годината, а првиот се слави на 18 јануари. Вообичаено е на овој ден да се пости на вода, да се јаде грозје за среќа и успех, а денот да се помине во молитва.

За Крстовден се чита акатистот на светиот крст, кој започнува со следните зборови: „Радувај се, Крсту, зашто на Тебе Христос, нашиот Бог, доброволно ги рашири рацете Свои и го оствари нашиот спас!“

Зборовите „Радувајте се!“ често се користат во молитвите, но што ни кажуваат тие? Дека е важно да се негува оптимизам и верба во спасението, но и дека има причина за радост во секој ден.

Здравје, љубов кон ближниот, нов ден, семејство, пријатели – секогаш има неколку причини за радост, па пораката на Крстовден е – Радувајте се! И денес е важно да се погледне во небото и да се заблагодариме за сето она што ни носи радост, но и за сите предизвици кои не зајакнуваат.

Владиката Јеротиќ велел дека молитвата најпрво треба да започне со благодарност, затоа не заборавајте да се заблагодарите и да негувате добар дух денес.

За есенскиот празник Крстовден низ земјата се практикуваат различни обичаи, но молитвата е најважна. На овој празник се кажува молитвата кон чесниот крст:

„Слава, Господи, на Твојот свет крст!

Бог да воскресне, и Неговите непријатели да се распрснат, а оние што Го мразат да побегнат од Неговото Лице. Нека исчезнат како што исчезнува чадот, како што се топи восокот во огништето; па нека загинат ѓаволите пред лицето на оние кои Го љубат Бога и се засенуваат со знакот на крстот и кои радосно велат:

Радувај се, почитуван и животворен Крсту Господов, кој ги гониш ѓаволите со силата на нашиот Господ Исус Христос на тебе распнат , кој се спушти во пеколот и ја уништи ѓаволската сила, и кој ни те даде тебе, Својот Свет Крст, да го гониме секој противник.

О, преподобен и животворен Крсту Господов, помогни ни секогаш со светата Владетелка, Богородица Дева и со сите светители засекогаш. Амин“.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...