Никола Богдановки е младо момче кое успешно и со многу љубов одгледува домашни животни. Неговата љубов кон животните се појавила уште од мали нозе и токму таа е клучна за неговата успешност.




И покрај секојдневните обврски, тој неизмерно ги сака и се грижи за своите животни. Во неговиот мал рај можат да се сретнат многу животни: кози, свињи, гуски, патки, кокошки, мисирки, зајчиња…
Неговите најблиски целосно го поддржуваат, и исто така и му помагаат за да ја оствари неговата цел. Но, Никола не застанува тука, својата љубов кон животните сака да ја пренесе на своето мало братче Богдан, кој со радост се грижи за животните.
Па така заеднички грижејќи се за овој животниски свет тие ја создале фармата наречена “Моја фарма” која се наоѓа во скопското село Кадино. Во продолжение погледнете ја галеријата во која поодблику можете да го видите овој животински свет.










