НА ЃУРЃОВДЕН СТАВЕТЕ ГО ОВА НА ВРАТА – ГО ШТИТИ ЦЕЛИОТ ДОМ ОД ЛОША ЕНЕРГИЈА: Еве како да исплетете магичен венец!

Обичај е на Ѓурѓовден сите порти да се украсуваат со венци направени од специјални растенија

Ѓурѓовден е еден од најголемите православни празници и празник кој уште од античко време се празнува во сите делови кај нас. На денешен ден, 6 мај, црквата го слави погубувањето на Свети Георгиј, а се почитуваат многу обичаи и обреди.

Освен што е црковен празник и со црвени букви, Ѓурѓовден популарно се слави и како ден кој го означува преминот помеѓу зимата и летото, временска одредница за многу полски работи, но и за борбата против Турците која е опеана во епските песни (од Ѓурѓовден до Митровден).

Многу обичаи се поврзани со овој празник. Еден од нив е капењето во Ѓурѓовденска вода. Во пресрет на Ѓурѓовден треба да се направи венец и да се стави на влезната врата и на капијата, за во куќата да има здравје и благосостојба, а на полето овошје и плод.

Како се прави венец?

Најчесто се користи млечка, која е нежно и меко полско растение, погодно за обликување. Бокорите поделете ги на неколку делови и врзете ги еден по еден со конец или тенко јаже.

Кога ќе завршите со правењето на кругот, украсете го со диви цвеќиња или лековити билки – дрен (за добро здравје на домаќините), габер (за да се „грабат“ невенчаните девојки и неженетите момчиња за партнери), камилица или сезонско цвеќе по желба.

Цвеќето можете да го плетете заедно со млечката или подоцна да ги додадете и да ги прицврстите со конец. Во некои делови е обичај на венецот да се залепи една гранка млад лешник. Покрај млечка, за правење венци може да се користи и миризлив крин од долината.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...