Сега и вие можете лесно и брзо да направите чварки дома.




Искусните домаќинки ќе ви кажат дека е важен начинот на кој ја сечете свинската сланина, бидејќи на тој начин ќе можете да ги направите најдобрите чварки. „Трикот“ е да ги исечете за да бидат со соодветна големина, што е околу 3 см.
Тие не смеат да бидат премногу големи, но и не премногу мали парчиња, бидејќи тогаш чварките ќе бидат цврсти и тврди.




Исто така, она што е важно при сечење на сланината е собната температура. Мора да биде ниска, па најдобро е сланината да ја исечете надвор. Не претерувајте со млекото, бидејќи чварките ќе имаат потемна боја.
Многу домаќинки тврдат дека исцедените чварки не треба да ги посолувате, бидејќи така губат крцкавост, но можете ако сакате. Во продолжение е рецептот како да направите домашни чварки.




Потребни состојки:
- 5 кг свинска сланина
- 200 мл млеко
Подготовка:




Измијте ја свинската сланина, па исечете ја. Гответе на умерена температура со постојано мешање околу половина час.
Сипете го млекото, па стопете ја маснотијата додека маснотијата не престане да пени и чварките не добијат убава боја. Исцедете ги чварките и посолете ги.






