Сечкањето кромид е најнепријатниот дел при готвењето.




Секој кој барем еднаш исецкал кромид знае колку може да биде тешко, бидејќи се случува често да ви течат солзи. Една жена на Тик Ток покажа неверојатен трик кој ќе ви помогне да ја избегнете оваа непријатна ситуација.
Имено, таа објаснува дека киселината во кромидот го привлекува изворот на вода, во случајов солзните канали, па солзите течат бидејќи се обидуваат да ја измијат киселината од кромидот.




Сепак, постои само едно нешто што повеќето луѓе го имаат во кујната, а тоа е хартиена крпа. Ставете влажна салфетка на даската за сечење и повеќе нема да плачете бидејќи киселината од кромидот ќе ја привлече влагата од салфетката.
Од друга страна, други готвачи тврдат дека ќе избегнете солзи при сечкањето кромид, дури и ако ставите влажна крпа околу вратот или дури и во устата.




@cerealeatingghost #stitch with @xxbaileyelizabethxx thank you for making me crave lentil soup 🖤


