Негативната енергија што ја испраќате, а сепак уживате во тоа, ќе ви се врати повеќекратно.




Етичкиот кодекс на северноамериканските Индијанци може да не инспирира сите нас на важна промена во размислувањето и животот.
1. Станете со сонцето и помолете се. Молете се сами. Молете се често. Еден ден Големиот Дух ќе ги чуе вашите молитви.
2. Бидете толерантни кон оние кои заскитале од патот. Незнаењето, гневот и љубомората доаѓаат од изгубени души. Молете се да се вратат на вистинскиот пат.




3. Најдете се себеси. Не дозволувајте другите да го контролираат вашиот пат. Тоа е само ваш начин! Другите можат да одат со вас, но никој не може да оди напред наместо вас.
4. Бидете внимателни кон гостите во вашиот дом. Послужете им ја најдобрата храна, понудете им најдобар кревет, бидете искрени и фер кон нив.
5. Не земајте го она што не е ваше, било од човечката заедница, природата или нечија култура. Не сте го заработиле ниту сте го добиле. Не е ваше.




6. Почитувајте ги сите на Земјата, и луѓето и растенијата.
7. Почитувајте ги мислењата на другите, нивните желби и зборови. Никогаш не ги прекинувајте другите додека зборуваат, не им замерувајте, не исмевајте ги. Дозволете му на секој човек право на лично мислење.
8. Никогаш не зборувајте лошо за другите. Негативната енергија што ја испраќате и сепак уживате во неа ќе ви се врати повеќекратно.




9. Сите луѓе прават грешки. Секоја грешка може да се прости.
10. Негативните мисли создаваат болест на умот, телото и духот. Вежбајте оптимизам.
11. Природата не е наша, таа е дел од нас. Природата е дел од нашето глобално семејство.




12. Децата се иднината. Всадете им љубов во нивните срца, водете ги со мудрост и учете ги цел живот. Кога ќе пораснат, дајте им простор да растат.
13. Избегнувајте да ги повредувате срцата на другите. Отровот на таа болка ќе ви се врати.
14. Секогаш бидете искрени.




15. Одржувајте ја вашата рамнотежа: менталното, духовното, емоционалното и физичкото „јас“ мора да биде подеднакво силно, чисто и здраво. Зајакнете го телото за да го зајакнете умот. Растете во духовност за да ги залечите емоционалните рани.
16. Свесно одлучете што ќе бидете и какви ќе бидете, како ќе постапувате и како ќе стоите зад вашите постапки. Бидете одговорни за вашите постапки.
17. Почитувајте ја приватноста и личниот простор на другите луѓе. Не се мешајте во туѓи имоти, особено не во светото и духовното. Тоа е забрането.




18. Бидете сигурни во себе. Не можете да се грижите и да им помагате на другите ако не се грижите за себе и ако не си помогнете прво на себе.
19. Почитувајте ги религиозните верувања на другите луѓе. Не ги присилувајте другите да веруваат во вашето.
20. Споделете ја вашата среќа.






