Дознајте што ви носи неделниот хороскоп од 3 до 9 октомври 2022 година за вашиот знак!




Во наредната недела Венера веќе ќе биде во Вага, а во понеделник Меркур се ослободува од ретроградноста – ова на многумина ќе им ја отвори вратата на успехот и ќе донесе големи шанси. Еве што ги чека хороскопските знаци од 3 до 9 октомври 2022 година
Овен
Ве очекува стабилен напредок во бизнисот. Работите конечно ќе се подобрат, но тоа не значи дека можете само да седите и да чекате – ќе мора да ги засукате ракавите бидејќи крајниот резултат зависи само од вашите напори.




Слушајте ги советите на луѓето на кои им верувате, тоа многу ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор. Оние кои претходно се обиделе да го подобрат односот со сродната душа, ги очекува период на заслужена среќа и идиличен љубовен живот.
Бик
Ве очекуваат нови деловни можности или понуди, потрудете се да не ги пропуштите. Финансиската ситуација е стабилна, можете да здивнете.




Ако планирате да стапнете на лудиот камен, сега е одлично време да ја официјализирате врската. Оние кои се сингл имаат шанса многу брзо да ја запознаат својата сродна душа, па дури и да започнат заеднички живот.
Близнаци
Свесни сте за својата сила и квалитет, па ќе се чувствувате одлично во текот на целата недела. Слушајте ја вашата интуиција, таа ќе ви помогне да ги решите не само тековните сложени проблеми, туку и да направите план за иднината.




Слободните Близнаци ќе почувствуваат дека имаат чувства за некој од нивната блиска околина. Оваа љубов што се развива ги има сите шанси да успее!
Рак
Неделата ќе ја посветите на семејните работи и проблеми. Оние претставници на Ракот кои имаат силен и хармоничен Плутон во хороскопот можат да доживеат моќни внатрешни трансформации. Под негово влијание тие ќе се разберат себеси и своите желби подобро од кога било досега.




Различни искушенија ги очекуваат поединечни Ракови, како резултат на претходно направени дела – некои ќе бидат наградени, а некои ќе бидат казнети. Грижете се за вашето здравје.
Лав
Во текот на целата недела ќе се занимавате со реализација на вашите материјални цели. Ве очекуваат добри вести за работата и зголемените приходи. Исто така, планетите ви носат добри шанси да започнете нов проект или бизнис, како и да ги подобрите своите вештини.




Среќата ќе ги следи Лавовите кои ќе си го отворат срцето на личноста која им се допаѓа и ќе ги исповедаат своите чувства. Таа врска ги има сите потребни услови за да успее!
Девица
Ве очекува прилично тешка недела, најмногу поради желбата да ја трошите енергијата на безнадежни работни места и врски. Можни се конфликти со саканата личност, а некои Девици ќе ја откријат неискреноста на партнерот, што ќе донесе големо разочарување.




Вага
Оваа недела ризикувате да пропуштите важна шанса или да направите погрешен избор, сето тоа поради сомневање во себе и неодлучност. Настаните ќе почнат да се развиваат според нивните сопствени закони, а вие можете само да бидете трпеливи и да се надевате на најдоброто, бидејќи не можете да влијаете на резултатот.
Астролозите ве советуваат да ги средите емоциите, да ги анализирате, а потоа да поставите приоритети, особено кога се во прашање луѓето.




Скорпија
Ве очекува период на разделба со некого или нешто, која нема да биде лесна и безболна. Ќе биде и тешка недела на работа бидејќи ќе треба да вложите максимални напори за да ја спасите ситуацијата.
Пазете се од повреди, особено ако имате проблем со ‘рбетот и мускулно-скелетниот систем. Некои Скорпии ќе донесат тешка одлука да ја прекинат врската која долго време пропаѓа и нема иднина.




Стрелец
До четврток ќе наидете на предизвици и проблеми. Нема да имате инспирација, ќе бидете уморни и малку безволни. Престојот во природа и меѓу животни најдобро ќе ве регенерира и релаксира. Позитивни промени и нови, инспиративни идеи ве очекуваат на крајот на неделата.
Јарец
Ве очекува прилично напорна недела, бидејќи најмногу ќе се занимавате со решавање материјални проблеми. Важно е да не пропуштите дел од шансите кои ќе ги имате во втората половина од неделата.




Некои планови и проекти, за жал, нема да се реализираат, т.е. ќе мора да откажат. Внимавајте на трошењето пари – сега е потребна претпазливост и добар план за финансиски менаџмент.
Водолија
Есенското време ви носи промена на расположението. Ако се чувствувате меланхолично, прочитајте оптимистичка книга или гледајте романтичен филм.




Добро време е да направите планови за иднината бидејќи тоа ви ја дава смислата на постоењето. Поставете си цели и почнете да работите кон нив. На вашиот роднина можеби ќе му треба здравствена заштита.
Риби
Неделата ви носи значителен пресврт на подобро, особено во финансиската и материјалната сфера. Се е хармонично во односот со саканата личност, одлично се согласувате.




Овој мирен период нема да ви биде досаден, напротив – ќе ви биде пријатен. Рибите кои сонуваат да станат родители имаат големи шанси да си ја остварат желбата. Добар момент е да се посветите на вашето здравје, но и на изгледот.


