Повеќе не треба да се чувствуваме виновни додека јадеме сирење, посебно бидејќи швајцарските научници конечно најдоа врска помеѓу пробиотиците во сирењето и долговечноста.




Имено, бактеријата – Propionibacterium freudenreichi, која се формира за време на процесот на ферментација на сирење – го зајакнува имунолошкиот систем и го намалува воспалението во телото. Истите бактерии се наоѓаат во млекото, а познато е дека ги забавува знаците на стареење.
Студија објавена од истражувачи од Универзитетот во Кореја во Сеул покажува дека овој пробиотик навистина го зајакнува имунолошкиот систем и има позитивен ефект врз нашето тело.
Да, сега можете да јадете сирење без вина, но бидете умерени. Една претходна студија покажа дека сирењето е добро и за нашиот слух.




Научниците веруваат дека сирењето содржи хемиска супстанција која може да има превентивно дејство и да излечи глувост во случаи кога штетата е предизвикана од силен шум.
Научниците тестирале 600 војници кои јаделе сирење секој ден и откриле дека пробиотикот во сирењето помага да се врати сигналот на делот од мозокот што го контролира слухот.


