Во една студија објавена во Social Science & Medicine, научниците го проценија нивото на стрес кај 17 наставници кои ги учат учениците од четврто до седмо одделение.
Тие, исто така, го проценија нивото на стрес хормонот, кортизол, на повеќе од 400 испитаници, нивни ученици.
Со земање брисеви од устата на ученикот, кортизолот се мерел три пати за време на часовите. Истражувањата покажаа дека учениците имале повисоко ниво на кортизол во своето тело доколку нивните наставници пријавиле повисоко ниво на стрес.
Авторите на студијата напишаа дека наставниците под стрес се помалку ефикасни, потешко управуваат со атмосферата во училницата, помалку се поврзани со учениците и не се задоволни од нивната работа.
Оваа ситуација во училницата предизвикува поголем стрес кај учениците. Важно е да се напомене дека се потребни дополнителни истражувања за да се открие на кој начин вашиот стрес влијае на луѓето околу вас.


