Дознајте што да правите со старата Богојавленска вода.




Верниците на нашата православна црква денеска го слават големиот христијански празник Богојавление, посветен на споменот на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан.
Денеска во сите цркви и храмови се осветува вода. Оваа света вода – Богојавленска, се чува во секој дом во текот на целата година како големо светилиште, а се користи само при голема потреба (болест, малтретирање од зли духови).




За разлика од водата за куќна слава која се користи за правење на празнична погача или онаа што се осветува за Велигден и секое утро се пие по малку.
Многумина се во дилема колку можат да ја чуваат Богојавленската осветена вода и што да прават со минатогодишната ако не ја потрошиле.




Светата вода, особено Богојавленската, може да се чува на неодредено време и колку и да се чува нема да ги изгуби својствата. Никаде во црковните книги не е експлицитно наведено што се прави со старата вода.
Некој минатата година додал малку нова света вода и продолжил да ја чува, а со текот на времето се воспоставил народниот обичај дека старата света вода кога ќе дојде нова се влева во река, бунар или насад – таму каде што нема да биде изложена на газење.






