Ви откриваме трик кој ќе ви го олесни животот. Алуминиумската фолија е една од најважните работи во кујната, а многумина имаат проблем во моментот кога треба да ја искористат.




Имено, оваа фолија често знае погрешно да се искине. Една жена на Тик Ток реши да објасни како е најлесно да ја откинете фолијата без да се распарчи.
Кога купувате нова алуминиумска фолија, ќе забележите дека кутијата во која се наоѓа има наведнат раб што помага прецизно да се откине потребната количина на фолија.
Сепак, многумина забележале дека ако ја повлечат фолијата преку тој раб, таа често се крши во раката и дека не ја добиваме чистата исечена фолија на која се надевавме.




Снимката од правилното кинење на фолијата е прегледана над милион пати, а многу жени им се заблагодариле на корисниците што им го олесниле животот.
Погледнете го трикот во продолжение, па после тоа кинењето на алуминиумска фолија за вас ќе биде само детска игра.
@6quence


