Некои храни имаат многу хранливи материи и можат да не заситат, а да не не дебелеат! Овие намирници обезбедуваат доволно витамини, минерали и протеини и не го зголемуваат нивото на холестерол и маснотии.




За почеток мешунки: грав, боранија, грашок и зелен боб. Ова е најздравиот зеленчук што може да се подготви на безброј начини.
Тие се одличен извор на протеини, содржат антиоксиданси, витамини и минерали. Сон на секоја жена – во 100 грама варен зелен грав има само 35 калории! Печурките треба да се додадат на оваа супер храна.
Овесната каша е богата со растителни влакна и одржува чувство на ситост долго време. За да биде повкусна, додадете млеко, јаболко и сецкани ореви и сушено овошје.




Кој е на диета нека јаде јаболко, и грицка пуканки и ф’стаци! Пуканките се најдобра закуска ако сте на диета! Полни се со влакна, даваат чувство на ситост и имаат малку калории. Совршена закуска – Чаша пуканки без сол и масло има само 30 калории!
Рибите, а особено скушата и туната, се богати со маснотии и ја намалуваат желбата за храна. На рибините протеини им треба долго време да се сварат.
Јаболкото е полно со растителни влакна и најдобрата храна за ужинка, бидејќи ја „убива“ желбата за слатки. Фстаците се одлична ужина, а особено е добро да ги јадете така што ќе ги исчистите од лушпата.




Вареното јајце има само 75 калории и шест грама протеин, така што останува сито долго време. Жените кои јаделе две варени јајца за појадок, изгубиле 65 килограми повеќе во тие случаи отколку оние кои не јаделе.


