ОВИЕ ЗБОРОВИ ПРИВЛЕКУВААТ СРЕЌА, ИЗОБИЛСТВО И ЉУБОВ ВО 2022 ГОДИНА: Повторувајте ги афирмациите наутро и навечер – ќе Ви донесе убави промени!

Афирмации за среќа, љубов и изобилство во 2022 година – повторете ги наутро и навечер! Дали размислувате за новогодишните одлуки?

Како што се приближува 2022 година, ова е идеално време да размислите за промените и подобрувањата што можете да ги направите во наредната година. Во тој случај имаме одличен предлог за вас – афирмативни мисли!

Афирмациите се едноставни мисли или реченици кои ви помагаат да останете фокусирани на позитивното околу вас без да дозволите негативните мисли да ве блокираат или да ве обземат. А кога размислуваме позитивно – тогаш постапуваме позитивно!

Афирмативните мисли можат да бидат одличен сојузник во постигнувањето на новогодишните цели, затоа вашата одлука оваа година нека биде да започнете да користите афирмации.

Како правилно да ги користите афирмациите?

Позитивните потврдни изјави може да се користат на почетокот или на крајот на денот. Сами одлучувате низ колку афирмации ќе поминете во еден ден.

Можете да започнете полека, со една потврда дневно за која ќе одвојувате по пет минути секој ден, а по желба и потреба можете да воведете повеќе од нив дневно. Ви предлагаме секој пат пред да започнете да вежбате афирмации, прво да ги смирите телото и умот со помош на длабоки воздишки.

Кога сте смирени, повторете ја секоја афирмација најмалку 2 до 3 пати. Концентрирајте се на неа и оставете да ви го наполни умот. Повторете го овој процес додека не ви стане секојдневна навика.

Најважниот аспект на ефективните афирмации е да верувате во она што си го кажувате. Затоа, изберете неколку позитивни афирмации кои најмногу ви се допаѓаат и често повторувајте ги.

Подолу ви пренесуваме 30 афирмации кои можете да ги внесете во вашата новогодишна рутина:

Благодарен сум за новиот почеток. Решен сум да одам напред и да ги остварам моите соништа. Во новата година влегувам со отворен ум и срце. Го оставам минатото и ја дочекувам иднината.

Благодарен сум за лекциите што ги научив во текот на изминатата година. Благодарен сум за можностите што ги имав и за новите можности што доаѓаат. Горд сум на она што го постигнав.

Ја избирам среќата наместо да бидам во право. Подготвен сум да бидам пољубезен кон себе. Решив да го гледам светот со повеќе љубов. Ги ценам оние кои ме поддржуваат.

Се ослободувам од навиката на страв и ја избирам навиката за љубов. Одлучувам да имам повеќе сочувство за оние околу мене. Посветен сум благодарноста да ја направам моја секојдневна навика.

Убаво е да ги цениш другите и да бидеш ценет. Заслужувам да бидам среќен. Во 2022 година ќе живеам повеќе во сегашниот момент. Се сакам и почитувам себеси. Се откажав од потребата да направам се да биде совршено.

Ќе бидам потрпелив со себе во 2022 година. Јас верувам во себе. Оваа нова година си создавам здрави граници за себе. Јас сум достоен за се што е добро. Ја ослободувам потребата од туѓо добро мислење за мене.

Го ослободувам стравот од неуспех. Подготвен сум да добијам љубов, среќа и успех во мојот живот. Подобри работи ми доаѓаат. Ја сакам личноста што станав. Добро ќе се грижам за моето здравје во 2022 година. Ја прифаќам промената и прифаќам раст.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...