Рерната можеме да ја исчистиме и со природни производи. За време на секоја употреба, печката ги собира остатоците од маснотии и храна, кои тешко се чистат подоцна.




Понекогаш честите обиди да се отстранат дамките нема да бидат доволни. Наместо да ја чистиме рерната со производите од продавниците, можеме да си направиме сопствени, природни средства.
Чистење на рерната
Состојките се многу едноставни, доволно е да измешате сода бикарбона и оцет.




Извадете ги решетките од рерната и оставете ги настрана. Во мал сад измешајте 1/2 чаша сода бикарбона со неколку лажички вода. Прилагодете ги мерките за да добиете паста што можете да ја намачкате, пишува The Kitchen.
Направената паста нанесете ја на внатрешната површина на рерната. Обрнете посебно внимание на мрсните области.




Оставете ја смесата од сода бикарбона да отстои преку ноќ. Потоа земете влажна крпа и избришете што повеќе од нанесената сода бикарбона.
Ставете малку оцет во шише со спреј и прскајте каде и да видите остатоци од сода бикарбона. Оцетот ќе реагира со сода бикарбоната и ќе се создаде пена. Потоа земете влажна крпа и избришете ја преостанатата пенеста смеса.






