Вода со лажичка чиа семе стана многу популарен пијалок за слабеење. Чиа семките, наводно, имаат моќ да го спречат гладот, иако не влијаат на метаболизмот и не го зголемуваат согорувањето на калориите.




Новинарот Џексон Томпсон го испробал овој метод и навистина го почувствувал ефектот. По три дена консумирање вода со чиа семе, Томпсон забележал дека апетитот му се намалил и дека се задоволувал со половина од порцијата што обично ја јадел.
„Го користев истиот рецепт пред секој оброк, но бараше дополнителни чекори. Една лажичка чиа семе ставам во чаша вода и оставам да отстои 15-20 минути. Семињата полека почнаа да се шират во водата, а околу повеќето од нив се разви бела аура.




„Чиа семето се полни со растворливи влакна кои апсорбираат вода – тие се шират до 27 пати од нивната големина кога се мешаат со течност“, опиша новинарот. Како што се ширеле, некои семиња паѓале на дното на чашата, но повеќето останувале на врвот, додаде тој.
Тој пијалок го пиел три пати на ден три дена по ред. Секој пат тој морал рачно да ги турка семките од врвот на чашата под водата за да бидат меки при пиењето.




„Пиењето вода 30 минути пред секој оброк бараше малку трпение и дисциплина. Како прво, немаше добар вкус. Беше горчливо и текстурата на семките ми се лизна по грлото како лигав чакал.
Исто така, морав да чекам 30 минути откако ќе ја испијам водата за да се уверам дека ефектите кои го потиснуваат гладот имаат доволно време да дејствуваат пред да изедам нешто“, вели Томпсон.




Но, набрзо сфатил дека пиењето е навистина ефикасно. Тој веќе се чувствувал како да има јадено обилен оброк пред да стави во устата залак од својот појадок, ручек или вечера – и не можел да ги доврши порциите што обично ги јадел.
„На пример, една вечер за време на експериментот, направив плескавица со гарнир од тестенини. Но, откако дојде дејството на водата со чиа семето, можев да изедам само половина од хамбургерот и земав три залчиња тестенини пред да го ставам оброкот во фрижидер“, тврди Томпсон.




По тридневниот експеримент, тој се откажал од пијалокот со чиа семе, бидејќи секојдневното консумирање може да предизвика дигестивни проблеми како надуеност и запек, како што истакна нутриционистот Алекс Туроф.
Туроф, исто така, рече дека пречестото пиење може да доведе до нарушувања во исхраната, поради неправилните обрасци на исхрана, лишувајќи го телото од хранливи материи.




„Но, ако треба да вклучите повеќе влакна во вашата исхрана, тогаш редовното конзумирање залак чиа семе е добро доколку постепено ги внесувате во вашата исхрана и балансирате со доволно вода“, вели нутриционистот Крис Солид.


