Фреквенција од 528 Hz за привлекување финансии – мелодија за опуштање и визуелизација, слушајте ја!




Сè во Универзумот вибрира на одредена фреквенција, а фреквенцијата 528 Hz се смета за една од најважните за активирање на законите за привлекување, релаксација, зајакнување на фокусот и манифестацијата.
Ако сакате да привлечете подобра финансиска ситуација во животот, можете да се мотивирате, да ја ослободите блокадата и да го подобрите фокусот или да се прилагодите на вибрациите на изобилството со фреквенција од 528 Hz.




Додека ја слушате оваа мелодија, можете да ги затворите очите, да се опуштите, но и да кажете некои од следните афирмации за да привлечете пари:




- Колку повеќе се фокусирам на радоста, толку повеќе пари ќе заработам.
- Парите се енергија и постојано влегуваат во мојот живот.
- Моите пари течат на очекувани и неочекувани начини.
- Имам моќ да привлечам богатство и пари во мојот живот.
- Пари има во изобилство и јас природно ги привлекувам.
- Парите се неограничени, и мојот просперитет е неограничен.
- Мојот ум е моќен магнет за богатство и изобилство.
- Со текот на времето, ќе ги стекнам сите богатства што ги посакувам. На пат сум да станам богат.
- Сè што ми треба за да изградам богатство моментално ми е достапно.
- Јас сум магнет кој може да привлече пари во секој потфат што го преземам.




Можете да кажете и работи кои сè уште ги имате и за кои сте благодарни. Наведете за што се сте благодарни, бидејќи без благодарност не можете да внесете други добри работи во животот.
Оваа мелодија може да ве опушти и да ви помогне да ги визуелизирате вашите желби, но погодна е и за периодот пред спиење. Слушајте ја фреквенцијата 528 Hz од видеото подолу!










