РУЧЕК ЗА 15 МИНУТИ – ИСКОРИСТЕТЕ ГО СВЕЖИОТ СЕЗОНСКИ ЗЕЛЕНЧУК И НАПРАВЕТЕ ПАСТА: Тестенини во сос од тиквички кои сите ги сакаат

Доколку немате многу време да подготвите оброк, тестенините се одличен избор. Збогатете ги со сезонски зеленчук, како тиквички, а посебен вкус ќе даде и сланината. Може да се направи и во вегански варијанти без месо и со растително сирење.

Пролетта пристигна на големо, што значи богата понуда на пазарите! Пристигнува сезонска храна и тоа е она што лекарите препорачуваат да се јаде – храна која успева во климата во која живеете.

Зеленчукот особено се препорачува бидејќи е богат со витамини, минерали и растителни влакна. Ако сакате тиквички, еве една идеја за лесен ручек кој нема да одземе многу време, а на сите ќе им се допадне.

Се работи за тестенини! Можете да ги направите класично, со павлака и сланина или во веганска варијанта со растително сирење. Изборот е ваш!

Потребни состојки:

  • 200 гр тестенини по желба
  • 500 гр тиквички
  • 30-50 гр тврдо сирење (може да биде и растително сирење)
  • 240 мл павлака за готвење
  • 1 чешне лук
  • оригано, сол и бибер
  • масло
  • 40 гр сечкана сланина (може и без сланина)

Начин на подготовка:

Ставете ги тестенините во зовриена и посолена вода и оставете ги да се сварат според упатството на кесичката. Просекот е 8-10 минути. Во меѓувреме изрендајте ги тиквичките и посолете ги и промешајте.

Во тавче пропржете ја сечканата сланина додека не порумени, а потоа оставете ја на страна, на хартиена крпа да се исцеди вишокот маснотии. Во тавата сипете ги ренданите тиквички, додајте ги зачините и пржете околу 5 минути.

Се додаваат павлаката, сланината, ориганото, сечканиот лук и се пропржува уште малку, па се трга од оган. Процедената паста додадете ја во сосот од зеленчук и изрендајте го кашкавалот. Сè добро измешајте, па послужете додека е топло.

Деталната подготовка погледнете ја во видеото подолу:

@smittenkitchen

Zucchini Butter Spaghetti on smittenkitchen.com, my new favorite summer dish. Linked in profile!

♬ original sound – smitten kitchen

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...