Мора да го пробате ова пикантно чудо!




Потребни состојки:
- црвени лути пиперки – 10-12 парчиња
- кромид – 1 глава
- лук – 2 чешниња
- ладна вода – 125 ml
- бел вински оцет – 80 ml
- бел кристален шеќер – 450 гр
- сок од лимон од еден лимон




Подготовка:
Лутите пиперки исчистете ги од семките и стебленцата, а потоа излупете ги кромидот и лукот и исечете го зеленчукот на поголеми парчиња. Ги ставаме со вода во блендер и ги пасираме додека не добиеме мазна хомогена смеса.
Добиената смеса ја ставаме во тенџере, или во длабока тава со нелепливо дно и додаваме оцет, шеќер и сок од лимон. Оставаме на шпорет на средна температура и мешаме додека да се растопи шеќерот.




Ја зголемуваме температурата и кога ќе зоврие повторно го намалуваме и го оставаме џемот да се вари на тивок оган околу 40 минути додека не се згусне.
Ги истураме во мали теглички кои веднаш ги затвораме и ги превртуваме со капакот наопаку. Стерилизацијата не е потребна.






