Брзо и лесно исчистете го шпоретот и рерната со една намирница што секој ја има во куќата.




Некои намирници кои ги имате дома, прават многу подобра работа од скапите хемикалии. Сите веќе знаат колку се добри лимонот и сода бикарбона во чистењето на речиси сите површини.
Исто така, киселата вода е одлична за отпушување на одводите. Но, дали знаевте дека една намирница која се јаде со помфрит и без која не можете да замислите пица, одлично го чисти шпоретот.




Тоа е кечап кој ги отстранува дамките од шпоретот како ниеден друг начин. Изненадувачки, нели? За да го исчистите шпоретот со кечап, се што треба е да ја вклучите рерната и решетката, да го нанесете кечапот и кога малку ќе се растопи, изгребете.
Сигурни сме дека конечните резултати ќе ве воодушеват. Економичното средство за чистење ќе ве спаси од маките на чистење.




Вистинско задоволство е да се готви на чист шпорет, затоа пробајте го овој едноставен трик кој заштедува време и пари и уверете се во конечниот резултат!


