Ако сте љубител на туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“




Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време е тоа да го направите и со туршијата. Туршијата спаѓа во една од најздравите салати и е задолжителен дел од зимското мени:
Состојки
- 5 кг зеленчук за туршија: краставички, пиперка (шија или сомборка), морков, зелен домат, карфиол, ситен кромид
- 5 л вода
- 1 л оцет 9%
- 13 лажици шеќер
- 5 супени лажици сол
- кесичка винобран
- зачини: рен, црн синап, бибер во зрна, ловоров лист…




Подготовка: Краставичките потопете ги на кратко во вода, а потоа добро измијте ги и исечете ги стеблата. Пиперките (по можност жолти и зелени) прободете ги со вилушка на неколку места за полесно да ја испијат течноста, карфиолот исечкајте го на цветчиња, исчистете го младиот морков.
Сите зеленчуци се ставаат во буре, па се прелива вода (неварена) во која се додадени оцет, шеќер, сол и винобран. Зачинете по вкус, а потоа притиснете го добро за да се впие во течноста.




Подоцна може да се додава и зеленчук, како и соодветна количина на предсол, важно е секогаш да е покриена со течност.


