Ова е наједноставниот начин за чистење на тавите.




Наместо да користите купени средства за чистење полни со хемикалии, ви предлагаме да направите домашна паста која совршено ќе ги отстрани тврдоглавите и изгорени масти од дното на тавата или тенџерето.
Рецепт за домашна паста за чистење
Состојки:




- лажичка која било паста за заби
- лажичка сода бикарбона
- лушпа од јајце
- малку сок од лимон
Подготовка:
Соединете ги сите состојки, а добиената смеса намачкајте ја на површината што сакате да ја исчистите. Оставете ја пастата да отстои неколку минути, а потоа избришете ја со сунѓерче.






