Како да ја искористите енергијата на магичниот ден 4-4 – серија на бројки што носи позитивна трансформација!




На 4 април нè очекува магичен ден. Освен што започна најубавиот пролетен месец, кога во воздухот има романтични и позитивни вибрации, на 4 април нè очекува дополнителен енергетски стимул – магијата на две четворки, односно серијата 4-4.
Повторувањето на броевите во нумерологијата се нарекува „огледални броеви“, а кога имаме толку моќен датум, постојат одредени нумеролошки сознанија и упатства кои можат да ни помогнат да ги оствариме нашите желби.




Двојната доза на енергијата на бројот 4 ни дава шанса да ги изградиме темелите на нашите соништа, да се поврземе со нашето знаење и искуство. Сè што ќе научите или започнете денес може да ви користи.
Денот 04.04 е добар за размислување за вашата цел во животот – време е да се усогласите со неа и да преземете важни чекори за да ја постигнете. Оваа низа исто така симболизира стабилност, заземјување, безбедност.




Има 4 годишни времиња, има 4 елементи (оган, вода, небо и земја) и четири страни на светот – сето тоа е спакувано во прекрасно квадратно пакување кое ја навестува духовната моќ на бројот 4.
Затоа овој ден е идеален за постигнување на вашите цели, ви се нуди голема поддршка за да ги претворите желбите во реалност, но само ако сакате и ако се потрудите малку повеќе.




Време е да напредувате на вашиот животен пат, но некои работи на денот 04.04 треба да ги избегнувате: импулсивност, расправии, уверување дека сме во право, непромислени изјави …
Енергијата од денот 04.04 најдобро ќе ја искористите ако останете во природа, визуелизирате, мечтаете за своите желби и што е најважно – направете детален план за да ја постигнете целта. Активирајте се и направете еден чекор денес и наскоро сонот може да ви стане jaве.






