Привлечете љубов, пари и среќа со опојни мириси! Еве кои мириси фенг шуи експертите веруваат дека привлекуваат исполнување на желбите…




Не е доволно да ја исчистите куќата за да завладее среќата и хармонијата во неа, туку негативната енергија треба да ја избегнувате со соодветни мириси, советуваат стручњаците за фенг шуи.
Доколку сакате љубов, пари и среќа, тогаш во вашиот дом треба да преовладуваат мириси кои ќе привлечат исполнување на желбите!




Етеричните масла со мирис на портокал привлекуваат среќа и задоволство, додека мирисот на бор привлекува пари и заштита.
Камфорот ја отфрла негативната енергија, а доколку имате етерични масла со мирис на лимон или лимета, тогаш вашето семејство ќе има контрола над емоциите и менталната стабилност, истакнуваат експертите на фенг шуи.




Волшебниот мирис на лаванда носи мир, додека мирисот на шумски плодови привлекува пријателство и љубов во вашиот дом.
За сите кои сакаат да најдат искрена љубов, мирисите на орхидеи и рози се вистинскиот избор, додека слаткиот мирис на ванила и цимет спречува развод и носи брачна среќа.






