Хороскоп за Марс во знакот Бик од 5 јули до 20 август – еве што не очекува и со какви промени ќе се соочиме!




Хороскоп – Марс, планетата на енергијата и активноста, ќе биде во Бик од 5 јули до 20 август и ќе влијае на начинот на кој постапуваме и каде ја насочуваме нашата енергија.
Откако излезе од нетрпеливиот Овен, тој сега успорува и станува повнимателен. Играме на сигурно. Не брзаме во непознатото. Ни треба време да ги планираме идните потфати.




Вложуваме многу енергија во нестабилни аспекти од животот затоа што сега ни треба чувство на сигурност и цврсто тло под нашите нозе. Со овој Марс го задржуваме она што сме го стекнале и постигнале.
Се занимаваме со прашања на имот, заработка, пари воопшто, но и се што поседуваме на некој начин. Финансиите ќе бидат важна тема за многумина во наредниот период, без разлика дали нешто купувате или продавате или се трудите повеќе да внесете ред во таа област од животот.




Парите можат да станат и причина за некои недоразбирања со другите. Стануваме упорни, темелни, практични, фокусирани, тврдоглави, понекогаш пасивни и мрзливи.
Потребна ни е повеќе мотивација да се движиме и да одлучиме нешто. Но, штом ќе започнеме, откажувањето не е опција. Прекрасен период за планирање на реализацијата на вашите идни цели.




Накратко…
…потешко ни е да се прилагодиме на промените
… работиме на остварување на материјалните цели
…забавуваме за подобро да видиме, разбереме и да бидеме подетални во она што го правиме




…остануваме во природа, одиме боси
…го менуваме односот кон храната и исхраната
…ги учиме нашите вредности и доблести
…уживаме во допирањето, нежноста, сексот




…трпеливи сме, ја чекаме вистинската прилика
Кон крајот на јули и почетокот на август, неговите аспекти со Уран и Сатурн носат привремени проблеми, расправии и тензии. Постои и ризик од пожар или експлозија. Избегнувајте изложување на високи температури и продолжено изложување на сонце.






