Хороскопот предвидува крај на ретроградниот Меркур од 3 јуни – еве што не чека!




Хороскоп – Во петок, 3 јуни, Меркур тргнува напред на 26 степени Бик. Сè што беше во застој, блокада, во неизвесност сега полека се расплетува за конечно да се заврши она што се случува од 10 мај до 19 јуни.
Маглата се крева. Хоризонтите се појасни. Има промена на свеста. Гледаме појасно, слушаме со повеќе разбирање. Добиваме храброст да зборуваме. Почнуваме да сфаќаме што сме зацртале, како и се за што ни недостигала мотивација.




Го фокусираме нашето внимание и го задржуваме фокусот на најважното. Доаѓаат информациите и одговорите што ни се потребни. Завршуваме една работа, започнуваме нова.
Обрнете внимание на настаните што се случија во последните два дена од април. Во деновите до 8 јуни, тие може да се покажат како неопходни.
А до 19 јуни ќе забележите дека некои од ар




анжманите или настаните што ги организиравме од 10 мај до 2 јуни ќе се менуваат и ќе го покажат своето вистинско „лице“, исто како и луѓето што учествувале во нив.
Како да ќе најдеме некој изгубен предмет, парче од нешто што ни недостигало за да завршиме нешто, да го дополниме, да имаме целина.






