Затемнувањето на „крвавата“ Месечина ќе го достигне својот врв на 16 мај. Овој моќен астролошки феномен ќе влијае на сите хороскопски знаци, но некои ќе доживеат многу поинтензивни промени.




Затемнувањето на крвавата Месечина ќе биде на својот врв на 16 мај во знакот на Скорпија, а се појавува веднаш до ретроградниот Меркур. Ќе открие скриени вистини и ќе ни даде шанса да се ослободиме од работите кои не кочат.
Затемнувањето на Месечината ќе влијае на сите знаци, па секој може да очекува интензивни промени. Сепак, некои знаци ќе ги почувствуваат малку повеќе на својата кожа. Еве ги кои се тие знаци:




Овен
Подгответе се за големи трансформации бидејќи затемнувањето на Месечината предизвикува радикални промени во вашиот живот. Ќе бидете принудени да се соочите со вашата карма.
Ќе мора да извлечете одредени заклучоци и да се подготвите за новите почетоци кои доаѓаат подоцна. Сега е добро време да оцените што точно треба да промените и зошто, бидејќи е неопходно да се врати рамнотежата и да се ослободи простор за следното поглавје во животот.




Бик
Работите во вашата врска стануваат турбулентни, а затемнувањето може да ви ја замати визијата за тоа како треба да изгледа врската со вашиот партнер. Сепак, затемнувањето ве поттикнува да ги анализирате вашите врски и да видите што се случува во нив.
Со сите промени што сте ги направиле во последно време, можеби не сте забележале како се промениле вашите цели и желби, вашите вредности и очекувања.




Сега е време да се запрашате што навистина сакате. Затемнувањето ви дава до знаење дека старите модели на однесување повеќе нема да функционираат.
Скорпија
Бидејќи затемнувањето е во вашиот знак, можете да очекувате бура! Овој астролошки феномен ќе биде како огледало за вашите потиснати емоционални потреби. Сепак, оваа интензивна саморефлексија нема да биде тука само за да се справи со вашата темна страна.




Ќе ве натера конечно да се ослободите од старите навики, верувања, луѓе или ситуации кои ве оптоваруваат. Бидете подготвени за големи промени во вашиот идентитет, како и во односот со другите.
Луѓето кои повеќе не реагираат на вашето ново чувство за самопочит повеќе нема да ве привлекуваат, нема да сакате да губите време со нив. Но, ќе внесете неколку нови луѓе во вашиот живот.






