Во моментов, сите пазари и пиљари со овошје и зеленчук се полни со тикви. И тиквата е навистина неверојатен зеленчук поради многуте корисни хранливи квалитети.




За денес ви предлагаме топол и вкусен ручек – зачинета крем супа од тиква.
Потребни производи:
- 1,5 кг тиква – излупена, исчистена од семиња и исечена на коцки
- 1 кромид – се сече на полумесечина
- 2 лажици маслиново масло или растително масло
- 5-6 чешниња лук
- 1 литар пилешка супа
- половина литар вода
- 100 мл свежо млеко
- 100 мл крем за готвење
- чили по вкус
- мајчина душица по вкус
- прстофат морско оревче
- сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
Во длабока тава, загрејте го маслото на шпоретот и пржете го кромидот неколку минути додека не добие златна боја. Додадете го лукот и пржете околу половина минута да се ослободи аромата (внимавајте да не изгори, бидејќи ќе стане горчлив).




Додадете ја тиквата и истурете ја пилешката супа. Додадете онолку вода колку што е потребно за да ги покриете сите коцки од тиква.
Гответе додека тиквата не стане целосно мека. Пасирајте ја супата со дел од водата во процесор за храна, блендер или пасатор.
Вратете ја супата на рингла, додадете млеко и павлака и варете 3-4 минути. Ако сметате дека е густа, додадете повеќе вода додека не ја постигнете саканата густина.




Додадете сол, бибер, мајчина душица, морско оревче и чили по вкус. Послужете со крутони или тост.


