Баба Ванѓа се смета за најголема пророчица на милениумот. Таа била многу чувствителна жена која светот го перцепирала на поинаков, можеби дури и подобар начин.




Има луѓе кои веруваат дека тоа е дел од повисоката моќ и знаење. И можеме само да и се заблагодариме што го сподели сето ова со нас.
Денес сакаме да ве запознаеме со нејзините зборови, кои не засегаат одредена група на луѓе – мажи или жени, македонци или не… за баба Ванѓа било важно да бидат пред се луѓе, а потоа да им се даде предност на нивните интереси и желби.




Прочитајте ги инспиративните цитати на баба Ванѓа во продолжение:
„Да знаат сите дека ништо не останува неплатено на овој свет. Луѓето прават злосторства и мислат дека никој не ги видел. Не е така! Се е видливо и доаѓа време кога виновникот мора да плати!“




„Нема личност која е родена само за среќа. Еве – се родил како одличен работник, но нема среќа во семејството. Има и друго, но нема здравје. Трет е здрав, но децата му се болни итн. Во секој човек има добро и зло. Така функционира светот“.
„За секого има периоди на тешкотии. Дури и за најбогатите и најсилните. Затоа човек треба да се труди да биде понизен за да не умре во прегратките на злото.“




„Човек никогаш нема да заработи ако не ја работи вистинската работа. Прво мора да разбере што сака најмногу да прави, а не да робува на модата или нечии совети.“
„Не мрморете против страдањата што ги доживувате. Страдањето е средство за прочистување, како облека што не е чиста ако не се изпере.“




„Сиромаштијата е цвет, не се радувајте на богатството. Сиромаштијата ве прави среќни со децата, пријателите, роднините. А богатството ја разболува душата.“
„Кој краде ќе плаче за здравје.“
„Не барајте многу – не можете да ја платите цената…“




„Работете наутро и преку ден. Никогаш навечер. Силите одозгора не помагаат навечер, а без нивна помош не може да се роди ништо големо.“
„Не постои лукав човек, дури ни најголемиот, кој ја надмудрил својата судбина. Тој ќе биде лукав како што Бог му дал. И тогаш нема право на снисходење!“






