Ако сеуште не сте ја сретнале сродната душа, одгледувајте ги овие цвеќиња: Три растенија кои ја привлекуваат љубовта

Се верува дека овие цвеќиња во домот стануваат магични и имаат корисен ефект врз љубовниот план. Некои растенија, според верувањето во фенг шуи, привлекуваат пари, некои штитат од негативна енергија, а некои дури можат да предизвикаат љубов.

Ако сакате да го уредувате вашиот животен простор според фенг шуи, земете едно од овие растенија – тоа може да ви донесе среќа во љубовта. Ако се постават на вистинското место и во саксии со соодветна боја, цикламата, спатифилумот и хибискусот ќе привлечат романтични вибрации.

Циклама
Според верувањето во фенг шуи, цикламата привлекува љубов и хармонија во домот. Исто така, има позитивен ефект врз добрата комуникација во врските, поради што е идеален подарок за брачни парови, годишнина од брак или венчавка.

Препорачливо е да се одгледуваат дома од оние луѓе кои се осамени и веќе долго време бараат сродна душа, бидејќи циклама покрај тоа што привлекува љубов, може да ви помогне да го направите вистинскиот љубовен избор.

Спатифилум
Друго име за ова растение е „среќата на девојката“, што произлегува од верувањето дека ако и дадете спатифилум на невенчана девојка, таа наскоро ќе се омажи, и ако веќе мажената дама го добие ова растение, ќе се појави дете во семејството.

Спатифилумот треба да се чува во саксии со потемни бои кои симболизираат почва, лојалност и плодност.

Хибискус
Хибискусот се нарекува и кинеска роза, а во фенг шуи го симболизира „љубовниот магнет“. Се советува хибискусот да расте во југозападниот дел од домот, кој во фенг шуи се нарекува агол на љубовта, со цел успешно да се најде сродна душа.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...